26.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Ливерпул ќе понуди 120 милиони фунти за Александер Исак

Англискиот шампион Ливерпул планира да му испрати богата понуда на Њукасл за Александер Исак. Според информациите од Островот, станува збор за фиксна сума од 120 милиони фунти (повеќе од 138 милиони евра), на која би се додале и можни бонуси.

Овој трансфер би бил најскап во историјата на Ливерпул и на англискиот фудбал, како и трет најскап во историјата на спортот. Поголеми износи се платени само за Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра), кога беа ангажирани од ПСЖ.

Александер Исак не замина на претсезонската турнеја со Њукасл и на раководството на клубот му најави дека ова лето сака да замине од „Сент Џејмс парк“.

- Оглас -

Најнови вести