0.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Ливерпул ќе потроши милиони за фудбалер кој сезонава ќе испадне од лига?!

На Ливерпул не му цветаат рози оваа сезона во Премиер лигата, па раководството сериозно размислува за нови засилувања налето, иако веќе потрошија многу милиони кои не даваат резултат.

Арне Слот е воодушевен од бразилскиот интернационалец Андре, кој настапува како дефанзивен фудбалер од средниот ред. Тој во моментов е член на Вулверхемптон, екипа која од следната сезона најверојатно ќе игра во понизок ранг, секако, доколку не се случи некакво чудо.

Неговата вредност во моментов е 28 милиони евра, а само пред една и пол година, Волците го купија за 22 милиони евра од бразилскиот Флуминенсе.

Испаѓањето на Вулверхемптон само ќе му помогне на Ливерпул во намерата да го купи Андре, а планот на Црвените е да понудат малку повеќе од 30 милиони евра за неговите услуги, сума која би требало да ги задоволи барањата на Волците.

- Оглас -

Најнови вести