Ливерпул ќе му се одмазди на Челзи за 2014 година

Ливерпул го пречекува Челзи во дербито кое може да одлучи многу работи во англиското првенство. Домаќините се во трка за шампионскиот трофеј, а Челзи брка место кое ќе ги однесе во Лигата на шампиони. Легендарниот стадион „Енфилд Роуд, домот на Ливерпул, бил сведок на многу епски дуели.

Еден од таквите кои ќе се памтат и тоа не по добро за домашните фанови е мечот токму против Челзи одигран во април 2014 година. Пред точно пет години, Ливерпул беше во добитна ситуација да стигне до трофејот во првенството, прв по повеќе од две децении чекање. Сепак, наместо победа, Ливерпул доживеа тежок удар и пораз од 0:2.

Да биде уште поболно за домаќините, капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард направи голема грешка. Се лизна, му избега топката, а тоа го искористи Демба Ба кој погоди за 1:0 и го најави триумфот на Челзи. Сега, Ливерпул треба да потврди дека кошмарот од пред пет години е заборавен и со победа да покаже дека остануваат сериозни во трката за трофејот.

РИВАЛСТВО КОЕ ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОДИНИ

Повеќе од еден век има поминато откако овие два тима прв пат играле. На 25 декември 1907 година прв пат излегле на мегдан, а Челзи победил со 4:1. Од тој меч до сега, билансот е свртен во корист на Ливерпул. „Црвените“ имаат 77 победи, лондончани се радувале 63 пати, а 41 меч завршил нерешено.

Најмногу голови на меч меѓу овие два клуба имало на 7 септември 1946 година, кога Ливерпул победил со 7:4. Случајно или не, еден д највозбудливите мечеви на овие два клуба се има одиграно токму на 14 април и тоа пред 10 години. Тогаш, во нокаут фазата од Лигата на шампиони Челзи и Ливерпул одиграа 4:4. Најубедливата победа е во корист на Ливерпул, а и таа е во април. На 20 април 1935 година, Ливерпул се има радувано со 6:0.

ДВЕ ОФАНЗИВНИ ФОРМАЦИИ 4-3-3, КОЈА ЌЕ БИДЕ ПОДОБРА?

Цела оваа историја е џабе, бидејќи на терен играат по 11 играчи од сегашните состави на овие клубови. Мечот се игра на Енфилд Роуд, а судија ќе биде Мајкл Оливер. Интересно е што двете екипи с еочекува да настапат во офанзивна формација 4-3-3, што би требало да гарантира погодоци.

Кај Ливерпул повредени се Чемберлејн и Вијналдум, додека гостите немаат проблеми со повредени играчи. Тоа значи дека двата тима ќе играат во речиси најсилните состави. Формацијата на теренот и играчите би требало да истрчаат во првите 11 на двата тима, може да ги видите на графиконот.

Во последните шест меча во Премиер лигата, Челзи има четири победи и по едно реми и пораз. Ливерпул е речиси безгрешен и е со пет триумфи и само едно реми.

Мохамед Салах со 18 погодоци е прв голгетер кај Ливерпул, додека Еден Азар со 16 голови е најефикасен кај Челзи.

Дербито на „Енфилд Роуд“ ќе биде во 17:30 часот, а според тоа дека Ливерпул е домаќин и дека е работи за титула, фаворитската улога на овој меч е за „црвените“ ог градот на „Битлси“.

 

- Оглас -

Најнови вести