Ливерпул киксираше против Фулам и малку забави на пат до титулата

Екипата на Ливерпул го претрпе првиот гостински пораз сезонава во Премиер лигата, загуби од Фулам со 2-3 и беше казнет за очајно одиграната одбрана во период од 14 минути во првото полувреме кога примија три гола.

Црвените и понатаму имаат огромна предност (11 бодови на седум кола до крајот) на чело на табелата, но освојувањето на титулата ќе биде малку подоцна од тоа што го посакуваа.

Попладнево во Лондон се одиграа уште два меча, средбата на Брентфорд и Челзи заврши без голови, а Тотенхем со 3-1 го победи „фенерџијата“ Саутхемптон кој следната сезона ќе игра во Чемпионшип.

Светците имаат само 10 бодови и станаа тим кој влез во негативната книга на рекорди, тим кој најрано ги загубил шансите за опстанок во историјата на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести