3004 Милан – Удинезе (18.00 часот)
Милан со победа би преноќил на второто место на табелата во Серија А. Росонерите дома имаат само два порази, а Удинезе има шест гостински победи. Удинезе во претходните три кола играше мечеви со 0-2 гола, а Милан имаше два порази во изминатите три кола, но тоа беа дуели на гостински терен. Есеноска во Удине, Росонерите победија со 3-0. Последната победа на Удинезе над Милан беше во 2023 година на „Сан Сиро“, а нерешено на меѓусебните дуели на овие два тима не било уште од февруари 2022.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.19)
1005 Ливерпул – Фулам (18.30 часот)
После 31 кола, Ливерпул има само пет бодови повеќе од Фулам. Црвените освоија само еден бод во последните три кола, а денеска ќе треба малку и да чуваат дел од силите за средбата со ПСЖ од Лигата на шампионите. Ливерпул е далеку од трка за титулата, сега борбата му е да биде во топ 5 и да игра во ЛШ следната сезона. Фулам е тим со најмалку ремија во Премиер лигата сезонава, и тие се едни од послабите гости во лигата, иако се поправија и освоија четири бода на последните две гостувања. Во јануари кога овие два тима се сретнаа во Лондон, резултатот беше 2-2, иако до 93-та минута беше 1-1. Ливерпул од крајот на февруари нема победа во Премиер лигата.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.75)
1304 Барселона – Еспањол (18.30 часот)
Еспањол во 2026 година уште нема победа во Ла Лига, па чудо би било ако останат непоразени на „Камп Ноу“. Барса со мислите е на реваншот со Атлетико, ќе има калкулации со составот, ќе пробаат да победат без премногу да се потрошат, но од друга страна ова е градско дерби и не смеат пак да ги разочараат своите фанови. Барса дома има максимални 15 победи на досегашните 15 меча. И традицијата е апсолутно на страна на домашните, Еспањол 17 години нема лигашка победа над Барселона.
Предлог тип: 1-1 (1.82)
3005 Аталанта – Јувентус (20.45 часот)
Ова е дуел за местата кои водат во ЛШ, Јуве е петти со четири бода повеќе од Аталанта. Тимот од Бергамо има две победи по ред, откако испадна од ЛШ, сега е фокусиран само на Серија А. Аталанта има 11, а Јуве 9 ремија сезонава. Божицата дома ретко губи, а Старата дама е променлива на гостувањата. Јуве скоро два месеци нема лигашки пораз. Есеноска во Торино беше 1-1, а во февруари се сретнаа и во Купот, Аталанта победи со 3-0.
Предлог тип: Х било кога (1.90)
1305 Севилја – Атлетико М. (21.00 часот)
Севиља има три порази по ред, се бори за опстанок, само два бода е над опасната зона, а ова им е убава прилика за победа, иако ривалот е силен. Сепак на Атлетико овој меч не му значи, ќе мислат на вторник и реваншот во ЛШ со Барса и тоа е шансата на Севиља. Атлетико има два порази по ред во Ла Лига, но не може да паднат подолу од четвртото место на табелата. Атлетико има дадено, а Севилја примени 50 голови сезонава. Севилја речиси три месеци не победила дома, само Леванте е послаб домаќин од нив.
Предлог тип: 1Х & 2+ (1.90)

