Ливерпул конечно им донесе радост за своите навивачи откако славеше на гостувањето кај Вулверхемптон минимално со 1:0 во дуел од третото коло во ФА купот. Младиот напаѓач Харви Елиот погоди во 13-тата минута, гол кој на крајот се покажа и како доволен за триумф на фаворитот и поминување во 16-финалето на најстарото натпреварување во светот, каде што следен ривал ќе им биде Брајтон.
Тимот на Јирген Клоп лошо ја започна 2023 година откако губеше од Брендфорд (3:1) и Брајтон (3:0) во првенството, а во Купот против Вулверхемптон дома одигра 2:2, па затоа мораше да игра уште еден меч вечерва.
Ливерпул е актуелен бранител на трофејот во ФА Купот, а во следното коло пласман обезбедија и ВБА и Бирмингам. Во ова коло дербито ќе биде меѓу Манчестер сити и Арсенал.