Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул, и официјално го реализираше трансферот на младиот дефанзивец од Парма, Џовани Леони. „Црвените“ за 18-годишниот фудбалер платија 31 милион евра, а тој во иднина ќе го носи дресот со број 15 на Ливерпул.
Леони потекнува од екипа на Падова, па преку Сампдорија минатото лето пристигна во Парма за 4,8 милиони евра. Членот на Серија А одлично ќе заработи за младиот дефанзивец, кој мина само една сезона во нивните редови, а забележа и 17 настапи.
Моменталната вредност на Италијанецот изнесува 18 милиони евра.