Ливерпул купи играч на Лајпциг за 70 милиони евра

Екипата на Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула од 70 милиони евра за унгарскиот репрезентативец Доминик Собослаи.

Унгарецот имаше договор со Лајпциг до летото 2026-тата година, но тој својата кариера сега ќе ја продолжи на “Енфилд роуд“. Собослаи во Лајпциг пристигна од “братскиот“ Слацбург за 22 милиони евра пред само две години. Оваа сезона за германската екипа одигра 31 натпревар и постигна шест голови.

- Оглас -

Најнови вести