30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Ливерпул летово ја наполни клупската каса, од продажба на играчи заработи над 200 милиони евра

Англискиот првак Ливерпул покажува дека не е фокусиран само на купување на фудбалери, туку и на продажба од која може многу да се заработи. Иако до крајот на преодниот рок има уште време, Ливерпул може да се пофали дека веќе ја надмина бројката од 200 милиони евра заработени од продажба на играчи.

Последен на листата на продадени играчи е младиот 19-годишен Бен Доак. За тинејџерот едноставно нема место во состаот на тренерот Арне Слот, па тој е осми играч кој си заминува од „Енфилд роуд“.

За Доак, Борнмут реши да одвои околу 30 милиони евра, во надеж дека младиот голгетер ќе биде вистинска опција за нив. Шкотланѓанецот пристигна во Ливерпул пред три години од Селтик и тоа за само 600.000 фунти, а сега е време за нов предизвик во неговата кариера.

Освен Доак, Ливерпул летово ги продаде и: Луис Дијаз во Баерн – 70.000.000 евра, Дарвин Нуњез во Ал Хилал – 53.000.000, Џарел Кванса во Леверкузен – 35.000.000, Кивин Келехер во Брентфорд – 14.800.000, Трент Александар-Арнолд во Реал – 10.000.000, Тајлер Мортон во Лион – 10.000.000 и Нет Филипс во ВБА за 3.500.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести