Колото број 18 сезонава од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе започна и од сега до сабота во 13.30 часот можете да типувате и да си го испробате знаењето, бесплатно е.
Во минатото коло Александар Д. имаше 11-ка и доби ваучер во вредност од 500 денари, а тоа е доказ дека и не е невозможно да се дојде до некој од подароците.
Меѓу 13-те натпревари најголемо внимание привлекуваат дерби-пресметките во Премиер лигата и во француската Лига 1: Ливерпул – Манчестер сити, Манчестер јунајтед – Тотенхем, односно Пари Сен Жермен – Марсеј.
Сите парови и информации околу играта може да ги најдете ТУКА.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.


