Ливерпул му даде 93 милиони причини на Трент Александер-Арнолд да остане на „Енфилд“

Ливерпул се труди да го задржи Трент Александер-Арнолд, кој, како што се најавува, има договорен премин во Реал Мадрид следното лето кога му истекува договорот со Црвените.

Овој 26-годишен фудбалер е еден од трите играчи на Ливерпул чиј договор истекува во летото 2025 година, па веќе сега имаат право да преговараат со други заинтересирани клубови. Покрај него, тоа се и Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.

Реал Мадрид веќе се обиде да го доведе десниот бек на Ливерпул во јануари за 20 милиони евра, но Ливерпул ја одби понудата. По ова, се појавија информации дека Кралевите го договориле Александер-Арнолд за летото 2025 година.

Најновите информации од Островот велат дека Ливерпул му понудил неверојатни 93 милиони евра за да го задржи и да потпише петгодишен договор, со цел да остане на „Енфилд“. Оваа понуда е слична на онаа од Реал Мадрид, но разликата е што доколку остане во Ливерпул, тој нема да добие одреден бонус за потпис на договор, што би го добил ако се приклучи на Кралевите.

Александер-Арнолд е еден од најдобрите играчи на Ливерпул оваа сезона, со пет асистенции и еден гол на 23 настапи. За репрезентацијата на Англија има 33 настапи и четири погодоци.

- Оглас -

Најнови вести