Ливерпул му покажа на Арсенал дека „топчиите“ се далеку од битка за титула

Со победата од 3-1 во дербито на тимовите кои славеа во првите две кола од Премиерлигата, екипата на Ливерпул му даде до знаење на Арсенал дека уште не е на ниво за да се бори за титула во англискиот шампионат. Ако има нешто што не е добро за „црвените“, тоа е што ниту еднаш сезонава не ја зачуваа својата мрежа незатресена.

Ливерпул седми пат по ред на свој терен даде два или повеќе гола против Арсенал. Лондонските „топчии“ имаа убави шанси во првото полувреме, но не ги искористија, и скапо платија за утките. Жоел Матип погоди со глава за 1-0, а во првото полувреме од десетте играчи на домашните во поле, само Фабињо не упати шут кон голот на Арсенал.

Арсенал во минатото знаел со пресврт да победи во Ливерпул, но овојпат не доби шанса. Првите 15 минути од второто полувреме беа клучни. Мохамед Салах даде гол од пенал, а потоа и од една соло акција, и го одлучи победникот. Откако е во Ливерпул, Салах на сите домашни мечеви против Арсенал, постигнува гол. Лукас Тореира намали на 1-3 во 85-та минута.

Сега Ливерпул со 9 бода е осамен на врвот на табелата и така ќе остане најмалку една недела. Европскиот првак е единствениот домаќин кој успеа да победи во денешните средби од Премиерлигата. На сите други пет мечеви, победија гостите.

- Оглас -

Најнови вести