33.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Ливерпул му забрани на Салах да учествува на ЛОИ во Токио

Мохамед Салах нема да игра на Олимписките игри во Токио, откако челниците на Ливерпул решија да не го пуштат својот играч да биде дел од ова натпреварување.

Египетската фудбалска репрезентација ќе биде дел од Игрите во Токио, каде најголемиот дел од фудбалерите се до 23 години, но дозволено е да има и тројца постари играчи. Селекторот Шавки Гариб го стави Салах на списокот, но сепак нема да игра во Токио.

„Салах сакаше да го предводи националниот тим на Олимписките игри, но Ливерпул тоа не му го дозволи. Тие се свесни дека ќе бидат без Салах во јануари кога Салах ќе биде на Купот на африканските нации, па не сакаат да го загубат и на почетокот на сезоната во Премиер лигата. Салах уште еднаш ќе разговара со челниците, но навистина е тешко да го променат мислењето“, вели претседателот на фудбалската федерација на Египет, Ахдем Мегахед.

Освен Салах, Ливерпул не дадоа дозвола за пат во Токио ниту на Јапонецот Минамино и Конате од Франција. Фудбалскиот турнир на ЛОИ во Токио ќе биде од 22 јули до 7 август, а веќе на 14 август стартува првенството во Англија. Ливерпул во првото коло ќе игра против Норич.

- Оглас -

Најнови вести