Младиот англиски репрезентативец и член на Фулам, Харви Елиот, во следниот период треба да го комплетира трансферот во Ливерпул. Елиот ја одбил понудата да остане во лондонскиот тим и бара нов предизвик. Според најавите, Ливерпул ќе биде следната дестинација за Елиот, за кого се интересираат и Манчестер сити и Арсенал.
Елиот е еден од најголемите таленти во Англија. Во мај, пред крајот на минатата сезона, Елиот влезе во историјата на Премиер лигата како најмлад фудбалер што заиграл во најсилната англиска лига. Тинејџерот влезе како резерва на дуелот против Вулверхемптон кога имаше само 16 години и 30 денови.
Претходно, Елиот стана и најмлад играч кој заиграл во Карабао купот, кога играше на 15 години и 174 денови. Освен англиските гиганти, за Елиот се интересираат и Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, но се чини дека тинејџерот веќе донел одлука да замине на „Енфилд роуд“.
Сепак, Елиот нема да може да потпише договор со Лвиерпул додека не наполни 17 години, а тоа ќе се случи дури во април следната година.
BREAKING: England U17s and Fulham midfielder Harvey Elliott is set to join Liverpool this summer [@SamWallaceTel] pic.twitter.com/sMyz5DDxO7
— LFC Transfer Room (@LFCTransferRoom) July 7, 2019