Ливерпул на лето го купува Де Фрај од Интер

Раководството на англискиот премиерлигаш Ливерпул сериозно размислува да го ангажира централниот дефанзивец на Интер, Стефан де Фрај, претстојното лето. Многу е веројатно дека Интер нема да продолжат договорот со Холанѓанецот, кој истекува на 30 јуни.


Ливерпул е подготвен да му понуди на де Фрај плата од околу 3,8 милиони евра годишно, ако тој се согласува да се пресели на „Енфилд“. Тој би требало да биде еден вид замена за неговиот сонародник Вирџил ван Дајк, кој најверојатно нема да го продолжи договорот со Ливерпул.

Во тековната сезона, Де Фрај одигра 33 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и забележувајќи една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести