Ливерпул е крунисан за шампион во Премиер лигата за сезоната 2024/25, а Црвените го обезбедија трофејот на четири кола до крајот.
На тимот на Арне Слот му беа потребни само 82 бода за да ја освои титулата, и тоа со 15 бода повеќе од второпласираниот Арсенал.
Вреди да се одбележи дека под водство на Јирген Клоп, кого Слот го замени како главен тренер, Ливерпул во две сезони имаше дури по 97 и 92 поена, но и во двата случаи не стана првак.
На кормилото на Ливерпул, Клоп стана шампион во Премиер лигата само еднаш, и тоа во сезоната 2019/20, кога клубот освои 99 бода. А, за разлика од вчера, тогаш не прославуваа со своите фанови поради пандемијата на корона-вирусот.
Слот го спомна и Клоп за кого смета дека има заслуга за титулата.
„Дури 99,9% сум сигурен дека ако го извадам телефонот, ќе има порака од Јирген. Многу често комунициравме во текот на сезоната. Минатата сезона покажа каква голема личност е со тоа што ме претстави. Но, главната работа е што тимот што ми го остави, успеа да го освои трофејот“, изјави Слот.