Челзи е позадоволен со ремито од 1-1 на гостувањето кај Ливерпул во дербито на колото во Премиер лигата, со оглед на тоа дека Сините целото второ полувреме го одиграа со 10 фудбалери. Црвените на Јирген Клоп не ја искористија ситуацијата иако го опколија голот на Менди во вториот дел, односно одбраната на гостите од Лондон одолеа на фуриозната игра на 19-кратниот англиски првак.
Пред самата пауза Рис Џејмс направи голема глупост во обид да спаси гол за Ливерпул, играше со рака на самата гол-линија при една мешаница, па ВАР-системот и судијата Ентони Тејлор издејствуваа така што го исклучија бекот на Челзи. Од целата драма Ливерпул прифитираше и со реализиран пенал за 1-1 од страна на Мохамед Салах, неков 14-ти последователен во англиското првенство.
Кога се играше 11 против 11, Сините беа поопасни и го покажаа тоа во 21-та минута кога Хаверц беше највисок во скокот при еден корнер и погоди за 1-0 во корист на европскиот шампион.
По овој меч Челзи и Ливерпул се на делба на второто место на табелата со по седум бода и идентична гол-разлика од 6-1.
Најинтересните моменти од дербито на „Енфилд“ можете да го погледнете на следниот ЛИНК.