28.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Ливерпул направи нешто што не беше видено досега во Англија

Попладнево беше испишана нова страница во историјата на Премиер лигата, Ливерпул стана првиот тим кој добил четири натпревари по ред со победнички голови во последните десет минути од мечевите.

Црвените покажуваат шампионски карактер, но имаа и среќа. Така на пример против Њукасл победија 3-2 со гол во десеттата минута од судиското продолжение, а денеска против Барнли немаше да победат да не беше пеналот кој го добија во 93-та минута.

Реализатор на пеналот беше Мохамед Салах кој така стана играч со најмногу реализирани пенали (35) во историјата на Ливерпул. Салах првпат во кариерата во Премиер лигата даде гол за победа после 90-та минута, а за Египќанецот тоа беше 188-ми гол во Премиер лигата, со што се искачи на четвртото место на вечната листа на стрелци, надминувајќи го Енди Кол.

- Оглас -

Најнови вести