Ливерпул направи подвиг каков што немал ниту еден друг тим во историјата на ЛШ

Иако речиси сите екипи се плашат кога треба да гостуваат на „Енфилд“ во Ливерпул, сезонава во Лигата на шампионите гостувањата беа тие што им го трасираа патот на Црвените до големото финале.

Ливерпул стана четврти клуб (по Реал, Милан и Баерн) кој десет пати играл финале во ЛШ (се брои и Купот на европските шампиони), а Јирген Клоп се изедначи со Марчело Липи, Алекс Фергусон и Карло Анчелоти со по четири финалиња како тренер.

Сепак, она по што овој состав на Ливерпул ќе биде запишан во историските книги на рекорди во УЕФА, е нешто друго. Тие станаа прв тим кој ги добил сите гостувања во една сезона во ЛШ.

Ливерпул имаше шест гостувања, по три во групната фаза и во елиминациите и на сите извојува победа. Во групната фаза, Ливерпул како гостин победуваше кај Порто со 5-1, кај Атлетико Мадрид со 3-2, а Милан го совлада со 2-1. Потоа следуваше победа над Интер од 2-0, па над Бенфика од 3-1 и на крајот 3-2 со пресврт против Вилјареал.

- Оглас -

Најнови вести