19.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Ливерпул не е Тотенхем: Родриго дозволил да почнат преговорите за негова преселба на „Енфилд“

Ливерпул сериозно го засилува интересот за двајца врвни напаѓачи, Александер Исак од Њукасл и Родриго од Реал Мадрид. Додека преговорите со Њукасл се во тек, англискиот клуб паралелно води разговори и за трансферот на бразилската ѕвезда од „Сантијаго Бернабеу“.

Како што пренесува бразилската редакција на „ЕСПН“, Црвените веќе воспоставиле директен контакт со агентите на Родриго, а 24-годишниот офанзивец наводно ја прифатил почетната понуда и е подготвен за преселба на „Енфилд“.

Иако напаѓачот имаше солидна сезона, 54 настапи, 14 голови и 11 асистенции, новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, досега не му укажа голема доверба, што го поттикна интересот и од други европски гиганти како Тотенхем, Арсенал, Челзи и Баерн Минхен.

Сепак, доколку Ливерпул сака да го доведе Родриго, ќе мора на Реал Мадрид да му плати најмалку 90 милиони евра. Но, најважно е дека Бразилецот дозволил да има преговори, откако претходно веднаш го одбил Тотенхем, со образложение дека би се преселил само во елитен клуб.

- Оглас -

Најнови вести