36.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Ливерпул не планира да сопре, уште едно големо засилување е блиску до „Енфилд“

Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул, летово веќе ги ангажира Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Милош Керкез, а сè е договорено и со Хуго Екитике, за кого се чека само промоцијата.

Но, тоа нема да биде сè од Ливерпул во овој преоден рок. Следниот фудбалер кој треба да го засили шампионот на Англија е белгискиот интернационалец од Лион, Малик Фофана.

Се работи за 20-годишно лево крило, кое воодушеви со своите игри минатата сезона. За Лион настапи на 41 натпревар и постигна 11 гола, а неговата моментална вредност се проценува на 30 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести