Ливерпул не се откажува од титулата во Премиер лигата, Арсенал погоди и победи за првпат во 2022 година

Ливерпул не се откажува од титулата во Премиер лигата и со победата над Лестер од 2:0, во меч од 23-тото коло, ја продолжува „брканицата“ по Манчестер сити.

Диого Жота во 34-тата и 87-мата минута погоди за голема радост на „Енфилд“, со што овој тим има заостанување од девет бода, но и натпревар помалку од лидерот Манчестер сити.

Арсенал, пак, преку Габриел во 25-тата минута го постигна првиот гол во 2022 година, и тоа по шест одиграни натпревари во јануари. Топчиите славеа на гостувањето кај Вулверхемптон со 1:0.

Претходно Арсенал победи на Боксинг деј, и тоа убедливо кај Норвич со 5:0. Со овие три, тимот од Лондон дојде до бројката од 39 бодови и имаат еден помалку од четвртопласираниот Вест хем, но и две средби помалку.

- Оглас -

Најнови вести