Ливерпул не смее да загуби од Челзи, инаку ќе биде најслаб во последните 100 години

1008 Ливерпул – Челзи (21:15 ч.)

Делува неверојатно, но Ливерпул има повеќе порази од победи во 2021 година. Англискиот првак годинава има седум порази во сите натпреварувања, а само петпати се радуваше за два месеца, односно 13 одиграни средби.

Ако Ливерпул е во криза, Челзи е во подем. Лондонскиот тим е без пораз на последните 10 средби (седум победи и три ремија), а тоа што е многу важно за нивната самодоверба е дека во овој период дури наседум средби немаат примено погодок.

Неверојатен е фактот дека Ливерпул ги загуби последните четири меча на свој терен, нешто што речиси еден век се немаше случено на „Енфилд роуд“. Последен пат четири порази во првенството Ливерпул имал во далечнатра 1923 година, што значи дека тимот на Јирген Клоп има уште еден голем мотив да не си дозволи пораз.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.94)

 

3010 Парма – Интер (20:45 ч.)

По вчерашниот кикс на Милан, фудбалерите на Интер имаат дополнителен мотив да атакуваат на трите бода против Парма, затоа што така би стигнале до седум бода комоција на чело во Серија А. Парма е вториот најслаб домаќин само со осум освоени бода од 12 средби, додека Интер на гостински терен сезонава има освоено 25 бода во 12 дуели.

Нераѕурите добија три од последните четири гостувања кај Парма, но не треба да се заборави дека во есенскиот дел од сезоната на „Џузепе Меаца“ беше 2:2.

Предлог тип: 2& 1+I&1+II (2.06)

 

1007 Фулам – Тотенхем (19 ч.)

Фулам има пет меча без пораз и со тие освоени бодови екипата од „Крејвен котиџ“ си ги зголемува шансите дека може да дојде до опстанок. Тотенхем е полн со самодоверба, најмногу поради блескавите игри на Герет Бејл во последните неколку средби.

Бејл има четири гола и три асистенции во последните четири средби , а Тотенхем се надева дека на овој меч ќе ја прекине низата од три порази по ред на гости.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.97)

 

1351 Леванте – Атлетик Билбао (21 ч.)

Леванте ќе се обиде да стигне до финалето во Купот на Шпанија без Енис Барди и уште неколку повредени играчи. Првиот меч заврши 1:1, што значи дека на домаќините сега им е доволно и 0:0, што секако е ризично да се игра 90 минути, а да се надева дека нема да има погодоци.

Традицијата вели дека последните пет меча на овие два тима завршуваат со два до три гола.

Предлог тип: 2-3 (2.00)

 

2840 Фенербахче – Анталијаспор (17 ч.)

Фенербахче е домаќин на тимот кој е експерт за нерешени мечеви. Можеби во цела Европа нема клуб како Анталијаспор, кој 50 отсто од мечевите ги одиграл без победник (13 нерешени во 26 кола).

Анталија има пет нерешени во низа, односно сеудмпати одигра „икс“ во последните девет кола. Тоа што е важно за гостите е дека во 2021 година уште немаат ниеден пораз (пет победи и осум нерешени), што само кажува дека фаворитот од Истанбул нема да има лесна задача.

На 10 од последните 11 дуели, Анталијаспор игра 0-2 гола, а и Фенербахче во последно време игра со малку погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.21)

 

- Оглас -

Најнови вести