Англискиот првак Ливерпул официјално објави дека нивен нов член е левиот бек Милош Керкез кој доаѓа од Борнмут.
За Унгарецот роден во Србија и чиј татко е Србин, Црвените платија отштета од 40 милиони фунти. Тој е трета принова за Ливерпул летово по Флоријан Вирц кој беше платен скапо, со рекордна сума за клуб од Премиер лигата, и Џереми Фримпонг кој дојде од Баер Леверкузен.
„Често и првилегија е за мене што ќе играм за најголемиот клуб во Англија и еден од најголемите во светот. Одвај чекам да почнат подготовките за следната сезона и да заиграм на Енфилд, да ја слушнам буката од трибините. Ќе дадам максимум за да освојуваме трофеи“, рече 21-годишниот Керкез кој на 74 настапи за Борнмут имаше два гола и осум асистенции.
Засега не е познато кој број на дрес ќе носи Керкез.