Ливерпул не застанува со шопингот по ангажманите на Тијаго Алкантара и Диого Жота, за кои Црвените потрошија околу 70 милиони фунти. Според англиските медиуми, актуелниот бранител на титулата во Премиер лигата ќе одвои уште 35 милиони фунти за нов офанзивец, станува збор за Исмаила Сар, младата ѕвезда на Ватфорд.
Сар пред почетокот на минатата сезона ги засили Стршните за сума од 25 милиони фунти од редовите на Рен, па пред да се пресели со Ватфрод во Чемпиопншип лигата, Сар запиша 30 настапи за тимот од „Викарејџ роуд“, во кои реализира шест гола и намести уште толку погодоци.
Допрва треба да се договорат условите околу времетраењето на соработката и платата за Сар, кој треба да биде четврто летно засилување за англискиот првак по Цимикас, Тијаго и Жота.