27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Ливерпул не знае за доста, летово може вторпат да го урне премиерлигашкиот рекорд

Англискиот првак Ливерпул се интересира за потпишување на договор со напаѓачот Александар Исак од Њукасл.

Информациите се дека Ливерпул е подготвен да плати дури околу 120 милиони фунти, што би било нов премиерлигашки рекорд. Црвените летово веќе го урнаа рекордот за најскап трансфер во историјата на Премиер лигата.

Интересот на Ливерпул за 25-годишниот Швеѓанец не е нов, а ако Чавките не сакаат да го продадат Исак, Ливерпул ќе се обиде да го земе Уго Екитике од Ајнтрахт.

Главен приоритет на Ливерпул во претстојниот преоден рок е да најде врвен централен напаѓач кој ќе го засили нивниот напад. Диого Жота за жал загина, Дарвин Нуњез веројатно си оди, па им треба една „деветка“.

Александар Исак постигна 62 гола на 109 натпревари за Њукасл, минатата сезона даде 27 гола на 42 меча, а има уште три години од договорот.

- Оглас -

Најнови вести