Манчестер сити прокоцка предност од 2:0 на „Молињу“, што ја стекна со играч помалку и на крајот загуби со 3:2 против Вулверхемптон во последниот меч од празничното коло во Премиерлигата.
Вистински трагичар е бекот Менди, кој направи два кикса во финишот, по кои Раул Хименес и Мет Доерти му донесоа победа на домаќинот.
Сити водеше со двата гола на Рахим Стерлинг, кој можеше да биде и трагичар, отако двапати пенали му одбрани Руи Патрисио. Најчудниот момент се случи во 24. минута кога беше доуден пенал за гостите.
Рахим Стерлинг не успеа во првиот обид да погоди, па доби уште една шанса и пак не успеа да го совлада Руи Патрисио, но ја смести одбиената топка во мрежата на Волците.
https://twitter.com/RCWBS/status/1210679330621329410?s=20
Потоа репрезентативецот на Англија постигна прекрасен гол за 2:0, но тука доправ почнуваа возбудувањата на „Молињу“.
https://twitter.com/RCWBS/status/1210669614360866816?s=20
Адама Траоре намали на 1:2 во 55. минута, а потоа се случи вториот несекојдневен момент.
https://twitter.com/Fahmy_Uyeah/status/1210670150854176768?s=20
Менди беше неодговорен и калкулираше во ситуација кога беше сам во својот шеснаесетник, па дозволи Траоре да му ја земе топката и да му асистира на Хименес за 2:2 во 82. минута.
https://twitter.com/RCWBS/status/1210675396368326656?s=20
За крај и голем пресврт се поггрижи Доерти, кој погоди во 90. минута за триумф на Волците. Манчестер сити играше со фудбалер помалку од 12. минута кога беше исклучен голманот Едерсон.
https://twitter.com/PureMind__/status/1210678452736708608?s=20