Александер Исак полека прераснува во една од главните трансферни саги летово. Ливерпул веќе испратил понуда за напаѓачот на Њукасл вредна околу 110 милиони фунти, но истата била одбиена.
По одбивањето, од „Енфилд“ донеле одлука да не испраќаат втора понуда, барем не додека од Њукасл сами не иницираат повторни разговори за трансферот. Клубот не сака да влегува во игра на постојано наддавање со неизвесен исход.
Интересно е што самиот Исак има желба да се пресели во Ливерпул, а личните услови не претставуваат пречка. Ова однесување на Ливерпул се толкува и како тактички потег. Се верува дека напаѓачот би можел да изврши притисок врз својот клуб за да го пушти.
Како потенцијален клуч за реализација на трансферот се посочува и тоа дали Њукасл ќе најде соодветна замена. Меѓу имињата кои се поврзуваат со тимот на Еди Хау се спомнуваат Бењамин Шешко, Оли Воткинс и Јоан Виса.