17.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Ливерпул нема да се спаси од нападот во Бергамо, Реал е „крал“ за Интер

1608 Аталанта – Ливерпул (21 ч.)

Италијанскиот тим веќе две години е хит во Европа и доказ дека не се случајни резултатите на тимот од Бергамо. Овој меч ќе биде и голем испит за одбраната на Ливерпул, и тоа без Вирџил ван Дајк. Во првите две кола Ливерпул ја сочува својата мрежа, но ќе биде многу тешко да не прими гол против Аталанта, која има опасен напад.

На последните 10 меча, Аталанта секогаш игра ГГ3+, па вечерва може да очекуваме гол-шоу во Бергамо.

Предлог тип: ГГ3+ (1.65) – Супер тип во Sport Life

 

1605 Салцбург – Баерн Минхен (21 ч.)

Баерн Минхен е „машина за победи“, па реално ова треба да биде едно од полесните гостувања на актуелниот германски и европски првак. Баварскиот гигант има 13 победи во низа во Лигата на шампионите, што е рекорд кој тешко дека ќе се достигне, а сигурно тоа е мотив за гостите да ја продолжат оваа низа.

Баерн на гости има 11 победи и три нерешени на последните 14 гостувања во ЛШ. Салцбург реално е тим кој игра фајтерски и сигурно нема да се затвори и да одигра „бункер“, што е дополнителен мотив да се одигра и на повеќе погодоци.

Предлог тип: 2 (1.50) – Супер тип во Sport Life

 

1606 Реал Мадрид – Интер (21 ч.)

Меч по кој поразениот едноставно ќе има само минимални шанси за освојување на едно од првите две места. Реал игра променливо, но Кралскиот клуб секогаш е најдобар во ЛШ кога мора да победи. Интер во Мадрид ќе биде без првиот голгетер Ромелу Лукаку, а неизвесен е и настапот на Алекси Санчес, па единствено Лаутаро Мартинес е класичен напаѓач кај гостите.

Од последните 11 меѓусебни меча, дури на 10 имало барем по два гола, па и сега може да очекуваме погодоци, а секако Реал е фаворит за победа.

Предлог тип: 1 (2.05) – Супер тип во Sport Life

 

6002 Шахтар – Борусија М. (18:55 ч.)

Малку кој очекуваше дека овие две екипи по првите две кола ќе бидат на водечките позиции во групата, а зад нив ќе бидат Интер и Реал Мадрид. Шахтар полека ја преброди кризата со заразени фудбалери, а и гостите се речиси комплетни, па ова ќе биде добра шанса да се види силата на двата тима.

Шахтар нема пораз во последните девет меча, а сличен е билансот и на Борусија, која осум средби во низа нема неуспех.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

6001 Локомотив М. – Атлетико М. (18:55 ч.)

Меч во кој гостите треба да потврдат дека се една класа над противникот и дека второто место во оваа група треба да биде загарантирано за Јорганџиите. Во изминативе две години овие екипи играле дури четири пати и во сите четири натпревари Атлетико Мадрид победувал барем со два гола разлика.

Покрај лошата традиција, Локомотив е и во лоша серија и има три порази по ред и едно реми, па реално тешко дека ќе може да го изненади искусниот шпански тим.

Предлог тип: Х2&2-3 (2.18)

 

- Оглас -

Најнови вести