10.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Ливерпул нема нерешен резултат сезонава, ќе заврши ли таа серија?

1141 Манчестер сити – Ливерпул (17.30 часот)

Сити ќе даде сè од себе да го добие ова дерби и да му го разубави јубилејот на шефот Гвардиола, 1.000-ти меч во тренерската кариера. Ливерпул ја стави кризата зад себе, и со победа би се искачил пред Сити на табелата. Црвените се единствен тим во Премиер лигата кој уште нема нерешен резултат сезонава. Граѓаните со победа би биле втори. На ваков меч на кој се среќаваат два тима кои играат ефикасно, не може да нема голови. Ливерпул губеше на претходните три гостувања во Премиер лигата. Последната победа на Сити против Ливерул беше во април 2023 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

1542 Фамаликао – Порто (19.00 часот)

Порто гази сезонава во домашната лига, има 28 бода од можни 30 после десет кола, и само три примени голови. Но и Фамаликао е одличен, има само еден пораз, а и тие може да се пофалат со добра одбрана, примија само четири гола во десет меча. Пред пет години Фамаликао последен пат го совлада Порто, тешко дека може да направат подвиг, но можеби може да останат непоразени што истотака би било успех за нив.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.25)

 

1709 Лион – ПСЖ (20.45 часот)

ПСЖ има четири бода повеќе од Лион, парижаните ако победат во ова дерби, ќе се вратат на врвот на табелата во француската лига. ПСЖ имаше три ремија во претходните пет кола, а Лион играше нерешено на последните два меча. Кај Светците повредени се четворица стартери, Дембеле, Дуе, Хакими и Мендеш, но и без нив тимот има квалитет да победи против Лион. Двата тима губеа пред неколку дена во европските купови. Минатата сезона ПСЖ на двата меча против Лион даваше по три гола и победуваше. ПСЖ во 2019 последен пат загуби во Лион.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.85)

 

3010 Интер – Лацио (20.45 часот)

Квалитетот е на страна на Интер и важи за голем фаворит, но лацијалите имаат серија од пет меча без пораз и осми се на табелата. Интер е убедливо најефикасен тим во Серија А со 24 гола на десет меча, а Нераѕурите се и тим кој нема ниеден нерешен резултат сезонава, за разлика од Лацио кој има три ремија во последните пет кола. Интер се бори за титула и не би се задоволиле со бод. Лацио шест години не победил на „Џузепе Меаца“, минатата сезона беше 2-2.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.13)

 

1384 Селта – Барселона (21.00 часот)

Селта има серија од пет победи по ред во сите натпреварувања, од кои две во Ла Лига, и тие им се единствените две победи во досегашните 11 кола во кои имаа и дури седум ремија. Барселона е најефикасен тим во лигата, редовно постигнува голови, но проблем им е одбраната која истотака редовно прима голови во последно време.  Кај Каталонците повредени се Педри и Рафиња и се покажува дека не им е лесно да ги покријат нивните отсуства. Селта не загубила дома од август, последните шест меча дома против Барса им беа со 3+ голови.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.15)

- Оглас -

Најнови вести