Ливерпул нема пораз во Премиер лигата кога играл без Салах

Лидерот на табелата во Премиер лигата, Ливерпул денеска (17.30 ч.) му гостува на Борнмут кој игра одлично во последно време, бодовите ќе мора да ги бара без својот најдобар играч, но ја има статистиката на своја страна.

Ливерпул во следниот период ќе мора да игра без Мохамед Салах кој со репрезентацијата на Египет учествува на Африканскиот куп на нации, а навивачите се крстат во статистиката која вели дека нивниот тим не загубил кога играл без својот најдобар играч.

Салах по пристигнувањето во Ливерпул во 2017 година, пропуштил само десет натпревари во Премиер лигата, а Црвените на нив славеле на дури седум меча, а ремизирале на три.

- Оглас -

Најнови вести