Ливерпул немаше милост кон Светците, првите тројца стрелци во Премиер се Црвени

Ливерпул второ коло по ред победува дома со 4-0, а после Арсенал, жртва на ефикасните Црвени беше Саутхемптон. Жота двапати, Тијаго и Ван Дајк беа стрелци.

За Ван Дајк ова е прв гол по враќањето на терените, а Жота им се придружи на Мане и Варди на делба на второто место на листата на стрелци во Премиерлигата зад Салах. Од првите четворица стрелци во лигата, тројца се од Ливерпул.

Ливерпул со покерот голови дојде до 39 погодоци сезонава на 13 меча, што е просек од три по натпревар. Црвените се втори на табелата со еден бод помалку од Челзи, кој има и еден меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести