1010 Ливерпул – Евертон (21 ч.)
Во последните четири кола, Ливерпул освои само еден бод, па не случајно е дури на 10-тото место на табелата со двоцифрено заостанување зад екипите кои се на позиции за излез во Европа.
Евертон имаше очајни резултати, но откако го смени тренерот, Карамелите го победија Арсенал, па сега оптимистички се настроени и во дуелот со градскиот ривал. Одбраната на Ливерпул сезонава е очајна и прима неверојатно многу голови, но кога се работи за градско дерби, тоа е повеќе само од еден натпревар, па тимот на Јирген Клоп нема да сака да дозволи разочарување на „Енфилд роуд“.
Предлог тип: 1&2-4 (2.65)
3614 Сампдорија – Интер (20:45 ч.)
Нема дилеми дека гостите се фаворити за победа. Сампдорија игра очајно и само чудо може да го спаси овој тим од испаѓање. Убедливо најслабиот напад го има Сампдорија само со 10 гола во 21-вото коло, додека Интер го има вториот најсилен офанзивен дел во Серија А.
На 12 од последните 14 средби на овие два клуба имало барем по три гола, што е најава за возбудлив меч со многу погодоци.
Предлог тип: 2&3+ (2.21)
1309 Еспањол – Реал Сосиедад (21 ч.)
На Еспањол му „гори“ затоа што со ова темпо, каталонскиот тим е во опасност дека може да испадне од лигата. На домашен терен од 10 меча, Еспањол има само две победи, додека Сосиедад на гостувањата е со трет најдобар биланс веднаш зад Барселона и Реал Мадрид (има седум победи во 10 дуели).
Во меѓусебниот биланс немало реми на последните девет пресметки на овие клубови (шест победи на Сосиедад и три на Еспањол). Тоа е знак дека треба да има погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.40)
1321 Расинг Сантандер – Леганес (21 ч.)
Едно од првенствата во кои многу често се случува да има нерешен резултат е шпанската втора лига. Сантандер е со девет нерешени во 26 кола, а Леганес осумпати одиграл без победник сезонава.
Во есенскиот дел од сезоната, кога Леганес беше домаќин, резултатот беше 0:0, а ако се погледнат и трите од последните четири меѓусебни дуели, немало победник.
Предлог тип: Х (2.75)
1545 Боависта – Каса Пиа (22:15 ч.)
Каса Пиа е тим кој сезонава влезе во првата португалска лига и изненадува со резултатите. Освои 30 бода во 19 меча и е на шестото место со шанса за позиција која носи излез во Европа.
Каса Пиа игра дефанзивно и најважно ѝ е да не прими гол. Во есенскиот дел со 2:0 ја победи Боависта, а и сега не се очекува голем број на голови.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.94)