Ливерпул нуди 45 милиони евра за една од ѕвездите на Аталанта

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е подготвен да плати 45 милиони евра за дефанзивниот фудбалер од средниот ред на Аталанта, Едерсон. Италијанците го вреднуваат 5 милиони повеќе од понудата на Црвените, но јасно е дека ќе следи договор доколку новиот менаџер Арне Слот инсистира Бразилецот да се пресели на „Енфилд“.

Едерсон оваа сезона го привлече кон себе вниманието со квалитетните игри во дресот на Аталанта. Токму таков профил, играч кој на средината прави силен притисок на противникот, му е потребен на Арне Слот во креирањето на новиот тим на Ливерпул.

Англискиот клуб е заинтересиран за уште една ѕвезда на Аталанта, Тун Компајнерс. Тој е во завршни преговори за трансфер во Јувентус, но има посебни релации со Арне Слот затоа што двајцата своевремено беа заедно во ист клуб. Двајцата работеа заедно во АЗ Алкмар, па одлично си ги познаваат квалитетите.

- Оглас -

Најнови вести