37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Ливерпул нуди 60 милиони фунти за Чави Симонс

Англискиот премиерлигаш Ливерпул со брзи чекори ита кон шампионската титула во Премиер лигата, но Арне Слот и раководството на клубот веќе размислуваат и за следната сезона. Полека се крои списокот на можни засилувања, а меѓу приоритетите се наоѓа името на холандскиот репрезентативец Чави Симонс.

Менаџерот Арне Слот би сакал да го има одличниот офанзивец во својот тим од следната сезона и од челниците на клубот побара да се обидат да го купат. Ливерпул е подготвен да плати 60 милиони фунти за реализација на овој трансфер во летниот преоден рок.

Според информациите од Германија, Лајпциг не би имал ништо против да го продаде Чави Симонс за таа сума.

- Оглас -

Најнови вести