Ливерпул одбил 25 милиони евра од Реал за Трент Александер-Арнолд во јануари

Ливерпул ја одбил понудата од 25 милиони евра од Реал Мадрид во јануари за Трент Александер-Арнолд. Договорот на десниот бек истекува по завршувањето на сезоната, а шпанскиот гигант веќе подолго време покажува отворен интерес за него.


Оваа недела англиските медиуми објавија дека Трент веќе постигнал конечен договор со Реал и дека летово сигурно ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, Реал Мадрид се обидел да го доведе уште во зимскиот трансфер-период.

Тогаш се зборуваше дека Кралевите биле подготвени да понудат максимум 15 милиони фунти, но според Фабрицио Романо, понудата всушност била поголема – околу 21 милион фунти (25 милиони евра).

И покрај тоа што во Ливерпул биле свесни дека Александер-Арнолд нема да потпише нов договор, ја одбиле понудата затоа што не сакале да загубат еден од клучните играчи среде сезона, особено бидејќи тогаш тимот на Арне Слот сè уште се бореше за четири трофеи.

Сепак, Ливерпул сè уште може да добие одредена сума за Арнолд, бидејќи според медиумите од Островот, Реал планира да понуди 5 милиони фунти за да го доведе уште на почетокот на јуни и да го има на располагање за Светското клупско првенство. Црвените нема да му стојат на патот на својот фудбалер во таа ситуација и ќе го пуштат да замине.

- Оглас -

Најнови вести