7.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Ливерпул одигра шампионски против Вест хем (Видео)

Ливерпул конечно одигра доминантно во Премиер лигата, славејќи на својот „Енфилд Роуд“ против Вест хем со убедливи 5-2. По две претходни победи со по еден постигнат гол, Црвените“ денеска буквално се разиграа, носејќи радост и насмевки кај своите навивачи. За разлика од нив, Вест Хем го забележа 15-тиот пораз и останува загрозен во зоната за испаѓање.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кое Ливерпул го заврши со водство од 3-0. Екетике, Ван Дајк и Мекалистер беа стрелци на головите.
На стартот од второто полувреме Соучек успеа да намали на 3-1, но потоа Гакпо погоди за 4-1. Пет минути подоцна, Кастељанос постигна гол за Вест хем, додека конечните 5-2 ги постави Дисаси со автогол во самиот финиш.

Тимот на Њукасл забележа домашен кикс и загуби од Евертон со 2-3. Головите за гостите ги постигнаа Брајтвајт, Бето и Бери, додека за Њукасл стрелаа Рамси и Марфи.

Возбудливо и ефикасно беше и во Барнли, каде Брентфорд славеше со 3-4.

- Оглас -

Најнови вести