Премиерлигашкото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед ќе се игра како што беше планирано, денеска од 17.30 часот, официјално потврдија Црвените кои се домаќини на средбата.
Снегот им направи проблеми, но временските услови се подобрија, снегот интензивно се чисти околу „Енфилд“ и внатре на теренот, па нема причина зошто мечот да биде одложен.
Од Ливерпул ги повикаа навивачите кои ќе дојдат на стадион, да облечат што повеќе облека соодветна за следење меч во зимски услови.