Ливерпул остана на пат кон испишување историја, освоен и ФА купот!

Гркот Цимикас и голманот Алисон се јунаците на Ливерпул во победата на пенали против Челзи во финалето на ФА купот, откако по 120 минути беше 0-0. Исто како и во пенал рулетот во Лига купот, Ливерпул беше подобар од Сините.

Сега на Црвените им останува да ги освојат уште Премиерлигата и Лигата на шампионите за да влезат во историјата како прв тим кој освоил четири трофеи во една сезона.

Ова е осма титула за Ливерпул во ФА купот, прва за Јирген Клоп.

Во пенал серијата, капитенот на Челзи, Аспиликуета, во втората серија ја погоди стативата. Но, Менди му одбрани пенал на Мане во петтата серија и драмата продолжи. Челзи имаше една меч топка по голот на Зијеш во шестата серија, но Жота не дозволи пораз на Ливерпул. Во седмата серија која беше клучна, шутот на Маунт го одбрани Алисон, а Цимикас даде гол за голема радост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести