33.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Ливерпул планира изненадувачки трансфер на Маркус Рашфорд?

Ливерпул подготвува изненадувачки трансфер со можноста да го ангажира напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, кој ова лето активно бара излез од „Олд Трафорд“. Тимот од „Енфилд“ има јасна цел, доведување на класична „деветка“ во нападот, а на листата со шест имиња се наоѓа и Рашфорд, кој исто така се поврзува со трансфер во шпанскиот шампион Барселона.

Ливерпул веќе направи неколку значајни засилувања во летниот преоден рок. Од Баер Леверкузен пристигнаа Флоријан Вирц и Жереми Фримпонг, а од Борнмут беше доведен унгарскиот лев бек Милош Керкез. По засилувањата во одбраната и средниот ред, новиот англиски шампион сега е фокусиран на офанзивниот дел од тимот.

Според информации на „Атлетик“, Ливерпул на почетокот на оваа недела испратил официјална понуда до Њукасл за шведскиот напаѓач Александер Исак. Иако конкретната сума сè уште не е објавена, се споменува дека Црвените се подготвени да понудат околу 120 милиони фунти (околу 161 милион долари).


Њукасл засега нема намера да се раздели со својата најголема ѕвезда и ќе се обиде да го продолжи договорот со Исак.

Сепак, британските медиуми го открија неочекуваното име на списокот на Ливерпул, токму Маркус Рашфорд. Односите меѓу англискиот репрезентативец и новиот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим, не се најдобри, а Рашфорд минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Астон vила. Тој јасно ставил до знаење дека сака да го напушти „Олд Трафорд“ и да премине во клуб каде што ќе има загарантирана минутажа. Иако самиот изразил желба да игра за Барселона, евентуална понуда од Ливерпул би можела да му го смени мислењето.

Тимот на Арне Слот наскоро заминува на азиска турнеја како дел од подготовките за новата сезона. Првата контролна средба ќе ја одиграат против Милан на 26 јули во Хонг Конг, а четири дена подоцна ќе се соочат со Јокохама во Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести