0.8 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Ливерпул плати 60 милиони евра за фудбалер кој ќе го добие дури налето

Ливерпул и официјално се пофали со потписот на францускиот дефанзивец Жереми Жаке од Рен, за кого ќе плати 60 милиони евра, но и дополнителни 12 милиони евра во бонуси. Сепак, 20-годишниот Французин на „Енфилд роуд“ ќе пристигне дури налето, а договорот му е со важност до 2031 година.

Црвените во битката за младиот Жаке го победија ривалот од Премиер лигата, Челзи.

Дваесетгодишниот дефанзивец оваа сезона одигра 18 натпревари за екипата на Рен, како и пет меча за младата репрезентација на Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести