28.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Ливерпул по стапките на Реал Мадрид, купува играч од Борнмут

Еден од најмоќните фудбалски менаџери во светот, Фали Рамадани, му го договори трансферот на кариерата на Милош Керкез. Рамадани, кој е роден во Македонија, посредуваше во трансферот на унгарскиот репрезентативец од Борнут во Ливерпул.

Преговорите се во завршна фаза и се чека само официјална потврда на трансферот. Керкез, кој имаше одлична сезона во Борнмут, ги договорил личните услови со Ливерпул и треба да остане во англискиот гигант од „Енфилд роуд“ во следните пет сезони.

За направениот трансфер се очекува Борнмут да добие меѓу 45 и 50 милиони евра.

„Левиот бек даде зелено светло за Ливерпул. Договорот до 2030 година е подготвен. Сега се чека да се договорат клубовите“, пишува реномираниот италијански новинар Николо Счира.

За Керкез се интересираа повеќе европски гиганти, но Ливерпул е најконкретен и само треба двата клуба да се договорат за да се комплетира овој трансфер.

Борнмут е екипата која доминира во овој период затоа што успеа да продаде двајца фудбалери во европски гиганти и да заработи над 100 милиони евра. Пред неколку дена беше комплетиран трансферот на Дин Хујсен во Реал Мадрид за 60 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести