Ливерпул синоќа го имаше својот најимпресивен настап сезонава, совладувајќи го Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 1-5 на гости во Германија во третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. По четирите последовни порази кои предизвикаа загриженост кај навивачите и стручниот штаб предводен од Арне Слот, Црвените конечно покажаа игра достојна за нивната репутација.
„Ова беше еден од најдобрите натпревари на нашиот тим сезонава“, изјави Арне Слот по мечот.
„Игравме со концентрација, агресивно и со јасна стратегија. Победата од 1-5 е заслуга на целиот тим, но секогаш има простор за подобрување.“
Меѓутоа, и покрај фантастичната игра, не беше целосно мирно во Ливерпул. Мохамед Салах, големата ѕвезда на Ливерпул, стартуваше како резерва и влезе во игра дури во 74-тата минута. Египетскиот напаѓач пред сè се обидуваше сам да ги заврши шансите, наместо активно да се вклучи во комбинации со соиграчите.
Trouble at Liverpool!? I bloody hope so!
— Magpie 24/7 (@Magpie24_7) October 23, 2025
Mo Salah appears to have reacted on Social Media after a load of criticism from eScousers for his display against Frankfurt.
Salah has removed all @LFC references from his @X profile header, profile photo, and bio as a result.… pic.twitter.com/6mHRW3GPCg
По натпреварот, Салах направи необична промена на социјалните мрежи – ја отстрани својата профилна фотографија во дресот на Ливерпул. Многумина го протолкуваа овој потег како можен знак на незадоволство, што ја отвори темата за евентуалните разлики меѓу играчот и клубот.
„Секој играч има свои моменти на фрустрација кога не игра цел натпревар“, коментира Арне Слот.
„Важно е да разговараме и да разбереме што е најдобро за клубот и за Мохамед. Тој е клучен за нас, и се надевам дека ќе најдеме решение кое ќе биде задоволително за сите страни.“
Салах пред само неколку месеци го продолжи договорот до летото 2027 година, но сегашниот момент го доведува во прашање неговото останување на „Енфилд“. Пребогатите клубови од Саудиска Арабија секако го чекаат моментот за да упатат понуда што не се одбива.