Ливерпул беше во катастрофана форма и имаше шест пораз на последните седум меча, пред да ја совладаат Астон вила на домашен терен со 2-0. Иако во некои кругови се споменуваше отказ за Арне Слот, сепак на сите им беше јасно дека холандскиот тренер има комплетна поддршка од раководството на „црвените“.
Тоа го потврдува и Фабрицио Романо, кој тврди дека по мечот против Астон вила, Слот повторно добил доверба од раководството на клубот.
„Во Ливерпул му веруваат на Арне Слот. Внатре во клубот сите му веруваат и сметаат дека тој е најдобрата личност за излез од оваа ситуација. Лошо влегоа во сезоната, но тоа не е крај на светот. Има време се да се поправи, да се вратат на прав пат. Сите се уверени дека Слот е личноста која може тоа да го направи. Тоа е во фокусот за нив. Во Ливерпул се работи многу напорно. Сопствениците, директорите, менаџментот, фудбалерите, сите имаат одличен однос со Арне Слот. Убедени се дека тој е вистинската личност. Во моментов, никој не го ни спомнува отказот за Слот, ниту пак се споменува кој би можел да го замени. Сите сметаат дека тој треба да остане уште долго на клупата на Ливерпул.“ – пишува Романо.
За Ливерпул сега следуваат два исклучително тешки натпревари. Во вторник на „Енфилд роуд“ гостува Реал Мадрид, а во недела му гостуваат на Манчестер сити.

