Ливерпул игра во фантастична форма и целосно се приклучи во трката за титулата во Премиер лигата.
Црвените од „Енфилд“ вчеравечер триумфираа и над Арсенал со 2:0, но и покрај сите овие резултати и игри, Јирген Клоп ги предупредува фановите и играчите.
„Моментумот е најнежната работа во светот. Сите овие резултати и игри може да се променат и тоа само поради еден лош момент. Јасно е дека тој некогаш ќе дојде, ама нам ни останува да видиме како ќе реагираме.
Сакаме да освоиме сè, но треба да бидеме претпазливи бидејќи станува навистина тешко да се игра на секои три дена“, изјави Клоп.
Манчестер сити е прв со 70, додека Ливерпул е втор со 69 бода по 29 одиграни средби и јасно е дека меѓусебниот меч кој е на програмата за неколку кола, ќе биде одлучувачки.