Ливерпул победува без проблеми и кога го нема Салах

Ливерпул со четири гола во второто полувреме, со 4-0 славеше на гостувањето кај Борнмут, и се зацврсти на чело на табелата на Премиер лигата.

На Црвените кои вечерва играа во зелено-бели дресови, во прилог им оди тоа што Манчестер сити следниот меч во првенството ќе го игра дури на 31-ви јануари, па на првакот му побегнаа пет бода со еден меч повеќе. Ливерпул има пет бода плус и во однос на Арсенал со кого имаат ист број одиграни средби.

Дарвин Нуњес со својот 100-ти гол во кариерата му донесе водство на Ливерпул, подоцна погоди уште еднаш и стана првиот играч во Премиер лигата со двоцифрен број на голови и асистенции сезонава, а Жота после асистенцијата, успеа да постигне два гола. Ова беше прв меч сезонава за Ливерпул без првиот стрелец Мохамед Салах во составот, но неговото отсуство не беше забележливо.

- Оглас -

Најнови вести