Ливерпул под поголем притисок – Сити победи и пак е лидер

Манчестер сити не попушта во темпото и очекувано ги освои трите бода на гостувањето кај Кристал Палас. „Граѓаните“ славеа со 3:1 на гостувањето и сега имаат 83 бодови, еден повеќе од Ливерпул кој е на второто место во Премиер лигата. Ливерпул има шанси да се врати како лидер, ако го добие дерби дуелот против Челзи.

Актуелниот првак на Англија уште во првото полувреме најави дека е дојден по трите бода. Рахим Стерлинг погоди во 15 минута, што беше и единствен гол во првите 45 минути. Истиот играч зголеми на 2:0 за гостите во 63 минута, а надеж за Кристал Палас даде Лука Миливојевиќ со погодокот од слободен удар во 81 минута.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 90 минута, кога Сити со погодокот на Габриес Жезус стигна до 3:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести