Ливерпул подготвува 80 милиони фунти за Алесандро Бастони

Ливерпул ова лето планира значајно засилување во одбраната, а главна цел е еден од најдобрите дефанзивци во европскиот фудбал, стоперот на Интер, Алесандро Бастони. Италијанскиот репрезентативец веќе години наназад се смета за еден од најсилните одбранбени играчи во Серија А.

Според англиските медиуми, за неговиот потпис Црвените би морале да издвојат околу 80 милиони фунти, што ја покажува високата вредност што Интер му ја дава на својот дефанзивец.

Бастони веќе подолго време е столб во одбраната на миланскиот клуб. Неговите настапи во домашното првенство и во европските натпреварувања привлече внимание на многу големи клубови ширум Европа.

Ливерпул го следи напредокот на Бастони веќе подолго време и верува дека токму тој би можел да биде долгорочно решение за центарот на одбраната.

- Оглас -

Најнови вести