Ливерпул подготвува голема „чистка“ по завршувањето на сезоната

Заминувањето на Мохамед Салах ова лето може да биде само прв чекор од пошироката реконструција на тимот што ја подготвува Ливерпул. Според британските медиуми, клубот веќе работи на планот за сериозни промени во составот, кои може да опфатат повеќе фудбалери од актуелниот тим.

Едно од имињата со неизвесна иднина е Ибрахима Конате. Францускиот централен дефанзивец сè уште не го продолжил договорот, и покрај желбата на управата да го задржи. Интерес за него не недостасува, а долго време се поврзува со Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, што ја зголемува веројатноста за негово заминување.

Клубот веќе започнал процес на освежување на тимот, по трансферот на младиот дефанзивец Жереми Жаке од Рен. Слично е и со Енди Робертсон, еден од симболите на тимот во последните години, кој може да замине како слободен агент ова лето, клубот нема намера да го спречува и ќе му дозволи да избере нов предизвик.

На списокот на можни продажби се наоѓаат и Константинос Цимикас, кој оваа сезона е на позајмица во Рома, но се очекува да биде продаден, иако има договор до 2027 година. Исто така, можни се заминувања на Ватару Ендо и Харви Елиот, кој моментно е позајмен во Астон Вила, како и на Куртис Џонс доколку пристигне соодветна понуда.

Коди Гакпо исто така веќе не се смета за сигурна иднина на тимот. И покрај новиот договор и високата плата, клубот нема целосно доверба во него и подготвен е да го продаде за да инвестира во нов крилен напаѓач.

Можна е разделба и со стартниот голман Алисон Бекер, чиј договор истекува во 2027 година. Управата би преферирала трансферна сума од околу 15 милиони евра ова лето, наместо тој да си замине без пари по завршувањето на договорот.

- Оглас -

Најнови вести