-2.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Ливерпул подготвува нов спектакуларен трансфер, ќе купува ѕвезда на Реал Мадрид

Ливерпул се подготвува за спектакуларен трансфер, сакајќи да го доведе англискиот репрезентативец Џуд Белингам од Реал Мадрид. Според шпанскиот портал „Фишајес“, Црвените се подготвени да платат дури 180 милиони евра за неговиот трансфер, што би претставувал еден од најголемите трансфери во историјата на клубот.

Белингам, кој пристигна во Реал од Борусија Дортмунд во 2023 година, веќе остави огромен впечаток: во 122 натпревари постигна 43 гола и забележа 32 асистенции. Неговото влијание во соблекувалната и на теренот е огромно, па според поранешниот легендарен фудбалер и актуелен тренер на Реал, Чаби Алонсо, тој е практично „недопирлив“.

Ливерпул веќе потроши околу 500 милиони евра минатото лето на засилувања како Александер Исак, Флоријан Вирц, Милош Керкез, Жереми Фримпонг и Уго Екитике, но тимот сепак не успеа да ја одбрани предноста во Премиер лигата и сега се наоѓа на четвртото место, со 14 бодови заостанување зад лидерот Арсенал.

Во јануарскиот преоден рок, Ливерпул веќе потпиша со сенегалскиот стопер Мора Тал Ендиаје, но евентуалниот потег со Белингам ќе биде вистински спектакл за навивачите на „Анфилд“.

Сепак, трансферот ќе биде голем предизвик – Белингам има договор со Реал до летото 2029 година, а Кралскиот клуб тешко ќе се реши да продаде играч со толку важна улога во тимот.

- Оглас -

Најнови вести